За безбедноста на учениците и заштитата на  училишните објекти, од денеска  треба да се грижат посебни чуварски служби.

Според најавите на Локалната самоуправа од 1-ви декември годинава, сите училишта во градот ќе добијат свои чуварски служби кои ќе бидат задолжени за редот и безбедноста на учениците и објектите. Нивното ангажирање е на сметка на општинскиот буџет.

Воведувањето на чуварските служби во училиштата доаѓа по неодамнешниот инцидент во ОУ „Св. Климент Охридски“ каде група ученици испишаа погрдни пароли и фашистички знаци на фасадата и бетонските површини. Сторителите беа откриени од охридската полиција, а раководството на училиштето јавно до денеска не информираше дали и како ги казнило несовесните учиници за кои неофицијално се зборува дека се од угледни охридски фамилии.

Ohridnews