Денеска за прв пат во нашата земја започнува вакцинирање на младите девојчиња против „human papilloma“ (HPV) вирусот. Со вакцинацијата ќе бидат опфатени девојчињата на возраст од 9 – 15 години.

Вакцинацијата против HPV оваа година ќе биде доброволна, а од наредната година таа ќе стане задолжителна. Вакцинацијата против HPV вирусот во Охрид ќе се одвива во Заводот за здравствена заштита, а како што најави Министерството за здравство обезбедени се доволен број вакцини.

ХПВ вирусот се смета за главен предизвикувач на рак на грлото на матката.

Ohridnews