„Пилешко месо“ произведено во лабораторија денеска имаше историско деби во ресторан во Сингапур, што според неговите творци може да помогне во намалувањето на штетата врз животната средина поврзана со производството на човечка храна.

Американскиот стартап Eat Just соопшти претходно овој месец дека нивниот производ е одобрен за продажба во градот-држава како замена за пилешки грутки откако Сингапур стана првата земја што дозволи продажба на месо создадено без колење животни.

Консумацијата на животни е закана за животната средина, бидејќи добитокот произведува стакленички гас метан, а сечата на шума поради создавање пасишта ги уништува природните бариери за климатските промени.

Во средата, компанијата соопшти дека ја направила својата прва комерцијална продажба на производот „1880“, на ресторан во познат шик центар за забава покрај реката.

Ресторанот започна да служи месо одгледувано во лабораторија во саботата навечер (по локално време), велејќи дека првите клиенти за вечера биле ученици на возраст од 14-18 години, кои биле поканети на отворањето откако покажале „посветеност за изградба на подобра планета“. .

Сепак, лансирањето на новото мени беше затворено за медиумите поради мерки против коронавирусот. Претприемачот Марк Николсон, основач на 1880, го опиша служењето култивирано месо како „револуционерен чекор кон справување со климатските промени и создавање можност да го нахрани светот без да се преплави планетата“. Извршниот директор на Eat Just, Џош Тетрик, оваа недела коментираше дека потфатот на компанијата „нè приближува до свет кадешто повеќето од месото што го јадеме нема да бара сечење шума, преместување на животно или користење дури и една капка антибиотици“.

OhridNews