Од денес до 31 август 2014 година, во текот на летната туристичката сезона, на патот Гостивар-Охрид ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај во двата правца. Режимот предвидува воспоставување на привремена забрана за движење на тешки товарни возила, информираат од АМСМ.

Тешките товарни возила, со над 7,5 тона вкупна маса нема да смеат да се движат секој петок во интервалите од 15-24 часот, а сабота и недела 7-24 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Оваа мерка се воведува со цел да се заштити коловозот од оштетувањата предизвикани од големите осни оптоварувања на тешки товарни моторни возила, во услови на високи дневни температури во текот на летото.

OhridNews