Од крајот на октомви од македонските аеродроми ќе почнат евтини летови до нови шест дестинации, најави премиерот Никола Груевски при вчерашната посета на Штип. Тој појасни дека во завршна фаза е постапката за субвенционирање на овие авио летови од страна на Владата за што наскоро ќе биде објавен меѓународен конкурс.

Премиерот меѓу дестинациите кои се во комбинација за шесте нови дестинации ги наведе Дортмунд, Базел, Малме, Ајндховен и Милано.

OhridNews