Тоа понатаму се одразува и врз бројот на ученици во повисоките класови од основните, но и средните училишта. Оттаму и неопходноста на почетокот на секоја нова учебна година советот на општина Охрид да донесе согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици. На неодамна одржаната седница, советниците дадоја согласност за формирање на вакви паралелки во ОЕМУЦ „ Св.Наум Охридски“, ОУТУ „ Ванчо Питошески“ и подрачното училиште во Воска на ОСУ „ Св. Климент Охридски“. .
– Да бидеме искрени бројката на запишани ученици од година во година бележи пад. Оваа година бројот е најмал во дел од селските средини, односно во подрачните училишта. За разлика пак од минтите години, во Долно Лакочереј годинава имаме зголемен број на ученици. Во секоја случај, засега нема опасност од згаснување на одредени паралелки или училишта, вели Серафим Наумовски од одделението за образование на Секторот за јавни дејности при Општина Охрид.
Иако во одредени селски средини има значително мал број на ученици, сепак не може да се зборува за нивно згаснување од причина што би се појавил проблем околу обезбедување и усогласувањето на нивниот превоз до најблиските места во кои тие би го продолжиле образованието, информираат од Локалната самоуправа.
– Во селото Трпејца има помал број на ученици, меѓутоа подрачното училиште мора да опстојува, бидејќи превозот на учениците е малку попроблематичен, бидејќи учениците не се во исто одделение. Ако ги однесеме во централното училиште ќе треба превозот да го регулираме, односно да се прилагоди на часовите на учениците, објаснува Наумовски.“
Предлог одлуките за формирање на паралелки со помалку од 25 ученици за основните училишта ги донесува Советот на општината по претходно добиено мислење од Министерството за образование, додека пак за средните училишта каде како основач се јавува општината, одлуката се носи самостојно и не е потребно одобрение од надлежното министерство.