Краткиот одмор кој го доби од Напредак Крушевац , македонскиот репрезентативец Војдан Стојаноски го искористи во кругот на своето семејство, да ги наполни батериите за продолжението од српскиот шампионат. Напредок каде нашиот интернационалец е стандарден по одиграните 14 кола се наоѓа на шестото место на табелата со скор 9-5.
Стојаноски пред стартот на новата сезона сино – белиот дрес на Амак СП го замена со црвено – белиот на Напредак. Бекот поентер во националниот состав направи кратка паралела помеѓу македонската и српската лига.– Состојбата во спортот е многу тешка, како поради лошата економска состојба на клубовите, така и поради условите за тренинг кои се на незавидно ниво, а кои многу негативно влијаат на развој на спортистите, пред се на младите категории
Стојаноски за кого ова е прво интернационално искуство, прв пат во својата кариера е разделен и од својот брат близнак Дамјан со кого досега одеа во тандем. Вели дека му недостига но дека полека се привикнува, а колку и да му фали како соиграч мора го прифати фактот, тоа е спортот.










