Како што информираат од Министерството за образование, практичната настава за студентите нема да може да биде покуса од еден час, ниту подолга од осум часа во текот на денот.
За време на практичната настава, студентот ќе биде под надзор на ментор од високообразовната установа , односно стручно лице кое ќе одговара за успешното реализирање на практичната настава, а за секојдневните активности студентот ќе води дневник. Стручните лица ќе се плаќаат со средства од буџетот на универзитетите.
Правилниците стапуваат на сила од оваа студентска година.