По повод пливачкиот маратон кој викендов ќе се одржи во Охрид, деновиве со специјална механизација е расчистен крајбрежниот појас на градскиот кеј.

Како што информираат од ЈП „Охридски Комуналец“, на потегот од градското пристаниште до „Холандскиот парк“ подигната поголема количина градежен шут и пластичен оптад.

Исто така, екипи на „Паркови и зеленило“ го расчистија и просторот околу кружниот тек во населба „Даљан“, кој во изминатиот период беше обраснат трње.

OhridNews