Изминатава недела, екипите од ЈП „Охридски Комуналец“ реализираа вонредни активности за расчистување на кејот и пристаништето од наноси од отпад кои ги исфрлаа езерските бранови .

–     Загрижува фактот што покрај трска, езерските бранови на брегот  исфрлија големи количини комунален отпад од мини-депонии кои претставуваат опасност за езерото и еко-системот, велат од јавното претпријатие.

Во текот на изминатите четири дена биле подигнати 30 метри кубни отпад од кејот на езерото.

OhridNews