Поразот од Јувентус во Лигата на Шампиони ја прели чашата на рускиот тајкун Роман Абрамовиќ и го разреши менаџерот Роберто Ди Матео од клупата на Челси.

Пред шест месеци италијанецот, Челси го однесе на врвот од Европа и го исполна сонот на Абрамовиќ. После толкав период “сините“ се најдоа во безизлезна ситуација и се пред елиминација од Лигата на Шампиони во групната фаза. Што досега му се нема случено на европскиот првак.

За наследник на Роберто Ди Матео се шпекулура поранешниот менаџер на Ливерпул, Рафа Бенитез, кој не криеше дека сака да го превземе Челси во летниот преоден рок.

Мх.П.