На Охрид му недостигаат нови сместувачки капацитети, сметаат од ХОТАМ. Основната причина што нема новоизградени капацитети, од ХОТАМ ја гледаат во урбанистичките планови. За овој проблем известена била и владата уште минатата година, но се уште се чека одговор.

  • Доколку Охрид оваа сезона имаше на располагање дополнителни 5000 соби во хотелско сместување, сите ќе беа продадени, велат од ХОТАМ.

Од министерството за економија велат дека владата и соодветните институции на централно и локално ниво работат на отстранување на административните бариери кои го кочат развојот на туризмот.

Експертите, пак, предупредуваат дека туризмот треба да се развива внимателно со примена на светските стандарди за одржлив развој, бидејќи прекумерното зголемување на бројот на туристи, може да доведе до катастрофални последици, што е случај со многу познати дестинации.

Со поддршка на Свисконтакт и министертвото за економија во Охрид подолг период се спроведуваат обуки на кои врвни експерти од Глобалниот совет за одржлив туризам при Светската туристичка организација на Обединетите нации и други меѓународни асоцијации на македонските туристички работници и претставници на институциите им ги пренесуваат знаењата за примена на стандардите за одржлив туризам.

OhridNews