Вакцинацијата ќе се врши во Епидемиолошката служба на центарот, а цената на вакцината е 400 денари.
Вакцините се производство на Авентис Пастер” од Франција, произведени по препорака на Светската здравствена организација. Станува збор за тритипна вакцина која штити од три типа на вирус на грип меѓу кои и од панедмискиот (свински) грип.
Иако станува збор за незадолжителна вакцина, лекарите препорачуваат задолжително да ја примат ризичните групи од населението, како што се хронично болните, лицата над 60 години, децата со намален имунитет и бремените жени.