Од идната недела улицата „Галичица“ ќе добие соодветна хоризнтална сообраќајна сигнализација, откако со новиот режим на сообраќај оваа улица повторна е наменета за двонасочен сообраќај.
Со одлука на охридските советници од пред еден месец, двосмерно се вози и на улицата „Карпош Војвода“ од пресекот со „Лазо Трпоски“ до „Јане Сандански“. Исто така, двонасочен сообраќај има и на пресекот од улицата „Никола Карев“ со „Лазо Трпоски“ кај АМСМ, до улицата „Галичица.“ На сите овие локации, поставена е соодветна вертикална сигнализација.
Едносачна за сообрааќај во целост останува улицата „8-ми септември“ и поголемиот дел од улицата „Лазо Трпоски“.
О.Т.