Изминативе денови, момците од „Bottom Time“ организираа мини еко-акција за чистење на изворите кај „Св. Наум.“

Во рамките на акцијата собрани се околу 10 килограми цврст и тешко разградлив отпад, составен од пластични шишиња, најлонски кеси, лименки, стаклени шишиња, разни конзерви и пластични цевки.

Како што велат од „Bottom Time“, целта на акцијата е да се поттикне и разбуди еколошката свест кај младите.

OhridNews