Од ЈУ Национален парк „Галичица“ со апел до граѓаните да не палат стрништа, плевел и други растителни отпадоци во рамки на националниот парк. Законот за шумарство е дециден- забрането е палење оган во рамки на паркот , а предвидените казни се високи- од 1500 до 3000 евра за физички лица, а од 6000 до 8000 евра за правни лица.
– Во период од четири дена имаше два случаи на опожарување на дел од националниот парк. Во првиот случај околу 22 хектари, а во вториот четири хектари. И двата пожари беа навремено изгаснати поради брзата интервенција на надлежната единициа при ЈУНП „Галичица“ и екипите на охридската Противпожарна служба. Не беше направена голема материјална штета, изгоре приземна вегетација, но ова е сушна година, најавите се дека сушен ќе биде и летниот период со што се зголемува опасноста од брзо шиење на пожарите доколку се предизвикаат, потенцира Наумче Новески од ЈУНП „Галичица“ .
Новески додаде дека веќе постојат индиции кој ги предизвикал пожарите и дека против тие лица ќе бидат преземени соодветни санкции.
Дежурни служби го заштитуваат паркот во текот на 24 часа, што допринесува и за брзо откривање на лицата кои ги предизвикуваат пожарите.
OhridNews