Во пресрет на големиот христијански празник-Велигден, годинешниот кум на манифестацијата Водици, Ванчо Чифлиганец, генерален директор и сопственик на градежната компанија „АДОРА“ Инженеринг-Скопје организира хуманитарна акција.

Во петок во 13 часот, во Црвениот крст Охрид, Чифлиганец заедно со претседателот на општинскиот Црвен крст, Сашо Точков и активистите, на 50 социјално најзагрозени христијански семејства од Охрид, ќе им подели хуманитарни пакети, со прехранбени и хигиенски производи, според стандардите на светската организација. Целта е и овие ранливи категории граѓани да ја почувствуваат топлината, вниманието и љубовта на празнувањето на Христовото воскресение, што треба да не зближува и обединува.

Идејата на Кумот на Водици Охрид-2012 е неговите активности како покровител на Богојавленската манифестација, да се одржуваат преку целата година на неговото кумство. Со активностите, меѓу другото, е опфатено и годишно стипендирање на двајца талентирани студенти од Охрид – Христина Шалкоска и Дарко Домазетоски, организирање хуманитарни акции за верски празници и одбележување на  значајни датуми, реализација на постапката за подигнување спомен обележје посветено на Водици, подарок од Кумот Чифлиганец за Охрид, неговите граѓани и туристите и др.

OhridNews