Како што известуваат дел од медиумите, од следната година, белгиската авиокомпанија „Џетерфлај“ за прв пат ќе воспостави директна авионска линија од Брисел до Скопје.

Летовите ќе стартуваат на 13- ти мај, а ќе оперираат се до 19- ти септември.  Авионите од Брисел ќе летаат прво до Охрид, а потоа до Скопје.

Директната линија Брисел-Охрид-Скопје- Брисел ќе им биде на располагање на патници по цена од околу 80 евра за билет во еден правец. За превоз ќе се користи авион од типот Боинг 737.

OhridNews