Од мај стартува сезонскиот распоред на летови, според кој белгискиот авиопревозник „ TUI Airlenes Belgium“ попознат како „ JETAIRFLY“, почнува со редовен авиопревоз од Брисел до Охрид, двапати неделно.
Ќе лета на релацијата Брисел-Охрид-Скопје-Брисел секој вторник од 15 мај до 18 септември, како и секоја недела од 13 мај до 16 септември.
Викендов, директна авио линија до охридскиот аеродром беше воспоставена и од Белград. Со летниот ред на летање ЈАТ ерлајнс почна да сообраќа на релацијата Белград-Скопје-Белград и Белград-Скопје-Охрид-Белград.












