
Според најавите на Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, договорот ќе биде потпишан на почетокот од октомври во Охрид.
„Веднаш по неговата ратификација од страна на Собранието, овој договор ќе стапи на сила, што значи дека граѓаните ќе можат да ја користат можноста слободно да патуваат само со биометриска лична карта“, изјави Јанкулоска.
Таа рече дека Македонија е отворена за разговор за вакви договори и со други земји, кои ги исполнуваат безбедносните стандарди и во смисла на контрола на границата и безбедност на документите.
OhridNews
извор: „Макфакс“












