ЈП”Охридски Комуналец” денеска организира акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.) во населба “Црногорци”.
Граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад истиот треба да го извадат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигне.
Од јавното претпријатие информираат дека оваа акција е последна пред главната туристичка сезона, а ваквите акции ќе продолжат од септември.