Времето денес во Охрид ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи.. Локално ќе има поинтензивен пороен дожд со појава на град, засилен ветер и електрични празнења, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 24 степени.
Слично време не очекува и утре, а веќе од недела се најавуваат летни температури до +33 степени Целзиусови.











