Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер. На места врнежите ќе бидат пообилни (локално над 25 л/м2 воден талог).

Максималната температура во Охрид ќе достигне 23 степени.

Според УХМР, утре во текот на денот облачноста ќе се намали и ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови значително опаѓање на дневната температура.

Во текот на работната седмица времето ќе биде стабилно со студени утра и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината. Услови за локален дожд ќе има во среда.

OhridNews