Од ноември ќе започне со работа детското драмско студио при НУЦК „Григор Прличев“ Охрид. Во таа насока од Центарот информираат дека на 1 ноември ќе биде одржана и аудицијата за деца.

Ги покануваме сите деца со интерес за театарска уметност, а особено глума, на возраст од 9-14 години, да се пријават за аудиција, која ќе се одржи на 1ви ноември, 2022 во 19.00 во просториите на установата. За аудицијата, треба да се подготви две минутна сценска изведба (мал рецитал, монолог, песничка, одломка, перформанс…), со која ќе се претстават децата пред нивните идни ментори, велат во соопштението.

Додаваат дека со детското драмско студио ќе работат професионални режисери и драматурзи вработени во Охридски театар.

Сите заинтересирани деца треба да ги пратат нивните пријави на адреса [email protected], со наслов: „Пријава за член на драмско студио“ и со следниве информации: Име и презиме; Година на раѓање; Училиште; Какви други интереси имаш (пр. спорт, уметност, музика, танц…); Телефон од родител.

OhridNews