Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, бензините ќе поскапат за пет денари, а дизелот и екстралесното гориво за четири денари.

Со новите цени Еуросупер БС-95 ќе се продава по 80,50 денари, Еуросупер БС-98 за 82 денари, Еуродизелот за 68,50, а Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 57,00 денари. Цена на мазутот изнесува 42,460 денари.

OhridNews