Со подобрување на временската состојба и покачување на температурите, Ј.П.”Охридски Комуналец” од синоќа започна со миење на улиците. Од раните утрински часови екипите на претпријатието ги чистат сообраќајниците каде има поголеми наноси од градежни материјали, бидејќи се изведуваат градежни зафати и тоа: кај хотел “Парк”, “Булевар Асном”, “Сирма Војвода”, “Марко Цепенков”, “Момчило Јорданоски”, “Булевар Туристичка” и “Јане Сандански”.

Со оглед на тоа дека ќе продолжи убавото време, од Комуналец најавуваат дека ќе се продолжи со миење на сообраќајниците во ноќните часови. Притоа, ќе бидат опфатени сите сообраќајници од централното подрачје и периферните делови од градот групирани по категории, а ќе се работи согласно Програмата за работа за 2011 год.

OhridNews