Додека кандидатот за градоначалник на Охрид  од СДСМ, Александар Петрески јавно ја обелодени соработката со НСДП, од оваа партија со спротивставен став, дека сеуште немаат одлучено кому ќе му ги дадат нивните гласови во вториот изборен круг.

„ Се уште немаме изградено став кому ќе му ги дадеме гласовите и не е точно дека сме седнале на маса да преговараме. Тоа се шпекулации кои немаат никаква основа“, смета Ацо Попоски, кандидат за градоначаник од НСДП, кој отпадна во првиот круг од локалните избори во Охрид.

Конечната одлука, според Попоски ќе биде соопштена наскоро.

Инаку, кандидатот на СДСМ за градоначаник на Охрид, Александар Петрески јавно изјави дека и штабовите на двете партии веќе делуваат заеднички на терен. Петрески рече дека поддршката од страна на НСДП е веќе дадена, а за да нема сомнежи, деновиве лидерот на НСДП, Тито Петковски ќе дојде во Охрид за да ја потврди соработката.

Ваквите информации НСДП – Охрид не ги потврди.

Ohridnews