До полицијата во струшкото село Велешта, вчера, било пријавено дека истиот ден во времето од 13,30 до 18,00 часот, на регионалниот пат Струга-Дебар, на излез од селото , непознат сторител пукал од огнено оружје, при што од проектилите е направено оштетување на автобус паркиран на паркинг- простор на туристичка агенција, во сопственост на лицето кое го пријавило настанот.

Извршен е увид на местото на настанот, при што се пронајдени два патрони од ловна пушка, како и делови од патрони и истите се предадени за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот и расчистување на случајот.

OhridNews