ТАВ Македонија најавува дека германската нискобуџетна авиокомпанија Eurowings, дел од групацијата Lufthansa, ќе почне да лета на релација Скопје-Минхен од 31-ви Октомври 2017-та, поврзувајќи ги патниците од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје до аеродромот „Франц Јозеф Штраус“ во Минхен – главниот аеродром во овој германски град.
Авиокомпанијата ќе оперира на оваа линија два пати неделно во вторник и петок со воздухоплов од типот Airbus А320-200, со капацитет од 174 седишта. Како што информираат од Eurowings, продажбата на билети за дестинацијата Скопје – Минхен почна на 15-ти март и е отворена на интернет, на веб-страницата на авиокомпанијата: www.eurowings.com
Еуровингс со седиште во Келн е дел од групацијата Lufthansa и се смета за нискобуџетна авиокомпанија. Лета до повеќе од 150 дестинации во над 40 земји во Европа, а позната е по добрата мрежа на рути до атрактивни туристички локации за одморање. Нивните авиони сообраќаат и во повеќе земји од регионот, како Албанија, Бугарија, Хрватска, Србија, Косово, Црна Гора, Србија, Турција.
OhridNews