Здружението за борба против мозочниот удар „ Мозочен удар“ од Охрид  во тек на месец октомври организира советување на тема „ Мозочен удар“, за сите болни со преживеан мозочен удар,  како и за оние кои се грижат  за своето здравје и здравјето на најблиските.

Во рамки на советувањата посетителите ќе имаат можност за консултации, проценка на ризик фактори, да добијат прорепораки за најсоодветен третман и техники на рехабилитација, совети за исхрана. Советувалиштето, за пошироката јавност ќе биде отворено секој петок во текот  на месец октомври од 10 до 12  часот  во просториите на специјалната болницата за ортопедија и трауматологија  „ Св Еразмо“, а на 26 октомври целодневно  на охридскиот плоштад. Советувањето ќе го води Д- р Маја Божиновска Смическа председател на здружението и стручен тим составен од невролог, физијатар, психолог, советник за исхрана и  медицинските асистенти од невролошката дејност.

Секои 2 секунди некој доживува мозочен удар. Секои 6 секунди некој умира од мозочен удар. До 70%  од мозочните удари може да се спречат.

OhridNews