Откако се утврди присуство на минимални повисоки концентрации на  алфатокскинот М1 во млекото на хрватските производители „Дукат“ и „Виндија’, овие производи се повлекуваат од сите пазари каде што ги има, вклучително и македонскиот, пренесува „Макфакс“.

Министерството за земјоделство на Хрватска побара повлекување на трајното млеко на „Виндија“ од 2,8 отсто масленост во пакување од 1 литар со рок на траење до 3.07.2013, како и на млекото од 2,8 отсто масленост од 1 литар со рок на траење до 24 односно 31 мај 2013.

Исто така, ќе се повлече и трајното млеко на „Дукат“, со масленост од 2,8 осо во пакување од 0,5 литри со рок на траење до 24 јуни 2013 и трајното млеко „Лагано јутро“ од 2,8 отсто масленост во пакување од 1 литар со рок на траење до 25 април 2013 година.

Повисоката концентрација на алфатоксинот М1 е откриена по аларм од пазарот во БиХ, по што испитувања се направени во Хрватска, а примерок за потврда на наодот е пратен и во Виена.

Утврдени се помали отстапки од дозволената концентрација на алфатоксинот М1, кај производителите „Виндија“ и „Дукат“, а производителите се запознати со тие наоди.

Затоа е наложено повлекување на овие производи од сите пазари каде што ги има, а граѓаните се замолуваат да ги проверат млеката во своите фрижидери и да ги фрлат доколку имаат некое од наброените.

Извозот за Босна и Херцеговина е сопрен.

Министерството за земјоделство на Хрватска ги известува потрошувачите дека нема причина за загриженост, затоа што се работи за минимални отстапувања од пропишаните.

До сега немало појава на алфатоксинот во Хрватска, а неговата појава во млекото е забележана во последните месеци на пазарите на поголем број земји во опкружувањето на Хрватска, па ветеринарните инспекции ги зајакнаа контролите на храната за животните.

OhridNews
извор:„Макфакс“