Продолжуваат недоразбирањата помеѓу угостителскиот објект „План Б“ и сообраќајната полиција, по нејзината акција за санкционирање на прекршоци од областа на сообраќајот во близина на кафе барот. Од угостителскиот објект и натаму тврдат дека сообраќајната полиција постапува селективно и со интенција, посочувајќи дека не се санкционираат очигледни прекршоци пред деловните објекти во околината, кои тие ги фотографирале.

Од СВР Охрид се децидни дека сообраќајната полиција работи законски и неселективно. Појаснуваат дека на просторот помеѓу улиците „Партизанска“ и „Кузман Јосифоски Питу“се констатирани чести прекршувања на законот за безбедност на сообраќајот и дека било дејствувано превентивно со опомени кон возачите, кои не вродиле со плод, поради што биле преземени дополнителни мерки.

– Членот 66 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата е дециден и стриктно кажува дека не смее да се паркира возило на обележан пешачки премин и на оддалеченост помала од 5 метри од тој премин. Со тоа се загрозува безбедноста како на возачите, така и на пешаците. Бидејќи и натаму возачите продолжија со кршење на законот мерките се продолжени извршено е фотографирање и утврдена е фактичката состојба. Констатирани се паркирани возила во крстосница, што е прекршок и тие возачи се санкционирани. –информираа од СВР Охрид, дадавајќи дека охридската сообраќајна полиција дејствува секаде каде што има прекршување на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

OhridNews