Од ЈЗУ Центар за јавно здравје- Охрид информираат дека од 27- ми октомври, понеделник, започнува вакцинирање на населението против сезонски грип. Вакцинирањето ќе се изведува во епидемиолошката амбуланта на Центарот за јавно здравје , секој работен ден од 8.30 до 15 часот.
Вакцинирањето против сезонски грип ќе се врши со вакцина Influvac од производителот Abbot Biologicals од Холандија.
Цената на вакцина со аплицикација е 400 денари.
OhridNews