НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник, 9 јуни, ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот. Како што информираат во терминот од 08:30 до 16.00 часот Библиотеката ќе биде од отворен тип и ќе работи со читатели кои ќе можат да позајмат нови и да ги вратат веќе прочитаните книги.
Како и досега и летово читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите. Читалната во одделот за издавање и читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работат од 9 до 14.00 часот. Читалните ќе можат да ги користат само зачленети читатели, појаснуваат.
Истовремено известуваат дека на 11 јуни (среда) пултот за зајмување книги ќе биде отворен од 8 и 30 до 10.30 часот, бидејќи Библиотеката е домаќин на Регионална средба и работилница на библиотекари на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ на која ќе учествуваат сите вработени во установата.
OhridNews