Во текот на ноќта ќе има обилни врнежи од дожд, особено во јужните и западните подрачја. Локално во овие подрачја ќе имаат форма на невреме со поројни врнежи, силен ветер и услови за грмежи.
 
Во понеделник ќе има нови врнежи од дожд и снег, кои до крајот на денот и во вторник насекаде ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

OhridNews