По вчерашните врнежи од снег екипите на ЈП Охридски Комуналец и денес на терен од раните утрински часови го расчистуваат снегот од коловозите, тротоарите, пешачките патеки и останатите јавни површини во градот со цел да се обезбеди непречено движење на граѓаните.
Акцијата за расчистување на снегот која беше спроведена и вчера вечерта продолжи и рано утринава. Се интевенира со абразивни средства, а се посипува и сол и ризла. Екипите се на терен и во училишните дворови.
Според информациите од УХМР утрово е измерена температура од -4 степени во Охрид, а снежната покривката изнесува 10 сантиметри.
Утрово најстудено било во Маврови Анови со температура од седум степени под нулата и највисока снежна покривка од половина метар, по што следат Крушево со 26 сантиметри, 25 Попова Шапка, 24 Пожаране.
OhridNews
















