Незадоволни со дел од одлуката во врска со ракометниот натпревар помегу РК Охрид 2011 и РК Риниа, охриѓани ја испратија следната реакција.
– Имаме забелешки во однос на казните кои ги имате одредено за РК Охрид, особено за точка 4 од одлуките создадени во билтенот под број 8.Не сакајки да влијаеме на одлуките до овој момент бевме индиферентни, сосема културно го сочекавме временскиот период до донесувањето на одлуките. Незадоволни и навредени со дел од одлуките одлучивме и ние да реагираме за изречените санкции да бидат соодветни за вината на учесниците на немилиот настан.
Имено, за време на натпреварот е недозволиво тренерот на гостинската екипа да комуницира со навредливи зборови со дел од публиката. Слично на тоа, недозволиво е дел од играците од противничката екипа директно да ја провоцираат публиката со етнички навредливи пцовки кои сами по себе ја разгоруваат ситуацијата, а не ја смируваат. Како ке реагира било која публика на зборовите “слезете да ве заколам, пичка ви матер македонска” “да ви го ебам племето македонско” и покажувањата среден прст на публика?
Веднаш потоа имаше обид за влез на публиката кој беше спречен од редарската слузба, играците на РК Охрид 2011 и претставниците на МВР. Сакаме да потенцираме дека виновниците за прекинот на натпреварот и за целиот инцидент се ракометарите и тренерот на РК Риниа.
Воедно сакаме да добиеме копии од изјавата и извештајот на делегатот и претставниците на домашната и гостинската екипа, како и копија од видео снимката кој во оригинал веднаш бесе предадена на делегатот, за насхиот правен тим содветно да мозе да се подготви.
Како парарела би го спомнале натпреварот на Ѓорце Петров 64 и Лазарови кој беше прекинат и екипата беше казнета на два натрпевари без публика, но во тој натпревар публиката влезе во терен и физички нападна еден од гостинските играци. Што не е исто со обид за влез на публика кој се слуци кај нас и притоа немаше никаков физички контакт на публиката со било кој играч или службено лице!
Водно сакаме да го анализираме цлен 34 од ДП на РФМ:
– РК Охрид 2011 ги превзеде сите мерки за спречување нереди (соодветна редарска служба и пријавен натпревар во МВР со присуство на униформирана полиција на натпреварот)
– извадокот од цлен 34 од ДП на РФМ “- ќе се казни во полесни случаи со парична казна, а во потешки слуцаи, како и доколку се работи за поврат, ке се казнат со забрана на играње на натпревари на одредено подрачје, забрана на одигрување на натпревари без публика на домашен терен, како и парична казна.” Обидот за влез на публика претставува сигурно полесен случај затоа што немаше никаков физички контакт на публиката со службените лица или ракометарите, а воедно ова за прв пат се слуцува во Охрид.
– продолзение од извадокот од цлен 34 гласи “Овие казни се земаат алтернативно. За потежок вид на прекршоци во смисла на претходниот став ке се смета: физички напад од страна на публиката врз уцесниците на натпреварот – играчи и службени лици (судија, делегат, тренер помошник тренер)…” Потезок вид на прекршоци од страна на публиката во Охрид немаше.
Нашиот новосоздаден клуб со минимални средства успеа да се натрпеварува во оваа лига, со гордост да го претставува Охрид и Охриѓани. Ние играме за Охрид и за Охригани. Ние ги победуваме натпреварите со срце и со емоции. Одземањето на нашето право да играме без публика е најголемиот хендикеп за нас.
Сакаме да ве известиме дека Управниот одбор на РК Охрид 2011 ќе заседава утре и ке одлучува по предлогот на тренерот Горан Андоноски, РК Охрид 2011 да ја напушти лигата доколку одлуката за играње на домашни натпревари без публика не биде изменета.
После оваа реакција следи жалба до второстепената комисија, како и барање за иземанје на делегатот Каланоски Славчо од Струга на идните натпревари каде ке се натпреварува РК Охрид 2011
Се надевамe на експедитивна реакција од страна на РФМ и дека следниот натпревар во недела ке го играме со публика – се вели во реакцијата на охридскиот клуб испратена до РФМ.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com