Со цел подигнување на квалитетот на образовниот процес во земјава, средношколците од Охрид и уште неколку градови ширум земјава, во новата учебна година ќе имаат можност практичниот дел од наставата да го остварат кај занатечиите. Оваа одлука беше потврдена со потпишувањето на вчерашниот Меморандум за разбирање и соработка помеѓу Занатчиската комора на Македонија, Регионалната занаетчиска комора – Охрид и директорите на охридските средни училишта, како дел од имплементацијата на Законот за стручно образование и обука.

Ако се знае дека во македонското образование има недостиг на практична настава вон училишните клупи, но и фактот дека Охрид претставува „Мека“ на занаетчиите, од оваа соработка најголема корист ќе извлечат средношколците.

По заклучокот на Владата, се донесе одлука за потпишување на Меморандум помеѓу средните стручни училишта,  Занаетчиската комора на Македонија  и Регионалната занаетчиска комора. Со него може да се допринесе за подобар кадар во занаетчиската струка, а учениците да посетуваат практична настава кај занаетчиите.“ – истакна претседателката на Занаетчиската комора на Република Македонија, Весна Симова.

Директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“,  Јане Цаноски, истакна дека секоја иницијатива која е во насока на подигнување на квалитетот на образование кај малдите е секако општоприфатено.

Пред се како човек, родител и директор, ваквата иницијатива ја поздравувам, а верувам дека ќе имаме успешна координирана и ефикасна соработка со Занаетчиската комора во насока на подигнување на квалитетот во образованието. Во нашето училиште имаме веќе образовни програми и стручни профили, во кои учениците изведуваат практична работа надвор од училиштето. За наредниот период, овој меморандум претставува начин како да се регулираат и канализираат сите тие активности кои ќе ги преземеме во насока на организирање практична работа вон училишните клупи.“ – истакна Цаноски.

Првата соработка ќе биде помеѓу охрдиското средно училиште ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и РЗК, а учениците уште од септември ќе имаат можност практичниот дел од наставата да го реализираат како автомеханичари и козметичарки.

Сакам да изразам задоволство од ваквата соработка, бидејќи конечно ќе се воспостави ред во оној дел на изучување практична настава на учениците кои сакаат да се занимаваат со занаетчиство. На овој начин ќе допринесеме за развој на занаетчиството, но и за поквлалитетно образование на средношколците. Во оваа учебна година упорно ќе работиме на нови проекти, а преку координација со тројцата директори од охридските училишта милам дека ќе наидеме на разбирање од локалната самоуправа.“ – истакна претседателот на Регионалната занаетчиска комора Охрид, Сашо Богоески.

Од наредната учебна година 2014/2015, Регионалната занаетчиска комора до локалната самоуправа ќе иницира отворање на уште две занатчиски паралелки и тоа, фризерско-берберска и текстилна.

Сакам да потенцирам дека една од обврските на комората во овој меморандум е преку локалната самоуправа да се бара отворање на двете нови занаетчиски паралелки за учебната 2014/2015 година. Преку тоа ќе успееме повеќе да сорабтуваме со средните уличишта, се со цел подобрување на  условите за учениците во делот на изучување практична работа. Исто така, тука е и фактот што на пазарот на трудот имаме дефицит од бербери и фризери.“ – додава Богоески.

О.Т.