Повредата со која се здоби Лионел Меси на дуелот со Бетис во „Ла Лига“ ќе го оддалечи од терените од шест до осум недели.


За аргентискиот ас ова е третата повреда сезонава, а втора на левата нога која е појака страна на Меси. Докторите кои некогаш биле дел од тимот на Барселона сугерираат дека тој сезонава игра повреден затоа неможе комплетно да заздрави.

На мечот со Бетис и без неговата помош каталонците славеа со 4-1 и ја забележаа 12-та победа во 13-от натпревар сезонава.

Мх.П.