Седмопласираниот Силекс кој во градот под Самоиловата тврдина се подготвуваа за пролетниот дел од шампионатот, посакува мирна пролет и навремено обезбедување на опстанокот во елитното друштво.


Стретегот на кратовци, Ане Андовски е задоволен од текот на подготовките и од подготвеноста на тимот.

– Досегашниот тек оди добро, екипата е дисциплинирана, со ситни повреди во овај период, играта што ја прикажуваат и би требало да дојде до стартот на шампионатот.тимот не претпре големи измени, нови имиња се Николиќ и Васов, костурот е онај истиот што беше и лани. Целта на екипата , е да се остане во златната средина и да се избегнат бараж натпреварите – вели Андовски кој смета дека екипата и млада и талентирана и потребно и е време да ги покаже вистинските квалитети.