Во Струга на улицата „ЈНА“, вчера, во стан сопственост на 57-годишен стружанец, непознат сторител во периодот од 14 до 16 часот, извршил кражба и одзел пиштол „ЦЗ-99“ со две рамки и 26 куршуми калибар 9 мм, што сопственикот го поседувал со дозвола.

Како што информираат од МВР, непознатиот сторител украл и разновиден златен накит (белегзии, ланчиња, прстени) и пари.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

OhridNews