Охридската полиција трага по крадците кои вчера попладнето украле сеф од приватен стан во Охрид. Според информациите на полицијата во сефот имало околу 15000 евра и поголема количина злато.

-Интензивно се трага по извршителите на тешката кражба. Во истрагата се вклучени екипи на крим техника и униформираната полиција и се преземаат сите неопходни мерки за пронаоѓање на сторителите, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

OhridNews