Акцијата за подигање кабаст отпад која ја организира ЈП „Охридски комуналец“ во населба „Стар Град„ успешно е реализирана, при што се подигнати 15 метри кубни отпад.

Од  Ј.П.„Охридски Комуналец„ изразуваат задоволство од навременото пријавување на граѓаните за подигањето на кабастиот отпад, меѓу кој највеќе имало  стари јоги, кревети и друга покуќнина.

– Со ваквите акции продолжуваме и во наредните саботи, за што граѓаните навремено ќе ги информираме преку нашата веб-страна и медиумите, а секако овие акции веќе се вметнати во годишниот календар, велат од јавното претпријатие.

OhridNews