– За граѓаните од М.З.”Стар Град” се покажа како одлична идеја и наиде на одличен одзив. Беа подигнати 16 метри кубни зелен отпад, информираат од јавното претпријатие.

Наредна ваква акција ќе биде организирана на 28- ми април, сабота, за граѓаните кои живеат во реонот опфатен со улиците „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“,„ Кеј Маршал Тито“ и населба Охридати.
За годишниот план за организирање на акции за подигање кабаст и зелен отпад, граѓаните покрај електронските медиуми, можат да се информираат и од годишниот календар на Ј.П.”Охридски Комуналец”.












