Непознат разбојник вчера ја ограбил продавница за сребро, лоцирана на улицата „Маршал Тито“ во Струга. При грабежот бил однесен сребрен накит во вредност од 900.000 денари.

Според полицијата, продавницата која е во сопственост на охриѓанец била ограбена со насилно отворање на влезната врата.

-Рабојникот со подесен алат насилно ја отворил влезната врата од продавницата, извршил пребарување и откако го одзел накитот, заминал во непознат правец. –велат од Полициската станица од Струга. Оттаму нагласуваат дека ги превземаат сите мерки за пронаоѓање на сторителот.

OhridNews