Снегот кој наврна во Охрид, и натаму предизвикува проблеми. Од тежината на снегот попуштаат покриви и паѓаат тенди. Од снегот денеска се урна дел од покривната тенда од поранешниот кафе бар „Влахов“ кај Црвен крст.

 

Според најавите викендов не се очекуваат нови врнежи од снег, но температурите ќе бидат ниски, така што и натаму постои опасност од оштетувања на инфраструктурата.

OhridNews