Од министерството за внатрешни работи информираат дека во периодот од 20.00 часот на 29-ти март до 09.00 часот на 30-ти март, непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св.Никола“ во струшкото село Мали Влај.

Сторителот, без видливи оштетувања, влегол внатре и одзел четири икони.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

OhridNews