Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против 35-годишно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
Пријавениот без согласност ги прибавил корисничките податоци од профилите на две женски лица на возраст од 18 и 20 години на социјалната мрежа „Фејсбук“ и истите активно ги користел во повеќе наврати при што направил злоупотреба на нивните лични податоци на интернет. Лицето им пристапувало на профилите на оштетените и без нивна согласност прибавувал фотографии од нивните профили, и ги постирал на ВЕБ страна која што споделува материјали со порнографска содржина.
Веднаш по доставувањето на пријавата од страна на оштетените лица до Секторот за Компјутерски Криминал и Дигитална Форензика за злоупотреба на нивните лични податоци преземени се мерки и активности во однос на утврдување на корисникот на профилот на ВЕБ странатата која што споделува материјали со порнографска содржина од кој се поставени сликите и по прибавување на доказите и анализа на истите наведуваат дека корисник е сега пријавениот кој постирал вкупно 68 фотографии (кои не се со порнографска содржина) од двете оштетени лица.
OhridNews