Од Управата за јавни приходи апелираат месечните ДДВ обврзници навреме и во предвидените рокови да ги преземат сите неопходни чекори за користење на електронските услуги на УЈП. Во спротивно постои ризик од 1 јануари да не можат да пријават ДДВ и данок на добивка во УЈП.

Оттаму напоменуваат дека во пресрет на новата законска обврска за ДДВ за задолжително користење на е-Даноци  што стапува на сила од 2013 година, само 178 ДДВ обврзници досега ги презеле сите неопходни активности за да можат електронски да поднесуваат ДДВ-пријави и даночни биланси за данок на добивка до УЈП, односно истите се регистрирале со Дигитален сертификат на USB токен.

Први кои треба да отпочнат со задолжително користење на е-Даноци од 1 јануари 2013 година, се 4595 месечни ДДВ обврзници, од кои во моментот само 98 се во целост подготвени да ги поднесуваат даночните пријави по електронски пат. До крајот на месец Декември, обврска да се прилагодат на новиот систем имаат уште 2855 месечни ДДВ обврзници, односно 1642 месечни ДДВ обврзници кои воошто не се регистрирани на е-Даноци.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, изјави дека нема да се одлага воведувањето на системот е-даноци. Според него, се работи за новина за која треба време додека компаниите се прилагодат и информираат.

OhridNews