Македонија од утре ќе потпадне под влијание на циклонска активност и влажен бран, кои ќе донесат облачно време со интензивни врнежи од дожд. Ќе дува и умерен јужен ветер, а на планините можни се и врнежи од снег.
Од среда не очекува променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд, а температурите ќе бидат во благ пораст.
Во наредните три дена утринските температури ќе се движат од 0 – 6, а дневните од 4 – 16 степени Целзиусови.












